Свет 29. јуни 2018. / 19:46

Новинарите раскажаа што се се случувало во „Капитал Газета“ за време на масакрот (ВИДЕО)

Новинарите раскажаа што се се случувало во „Капитал Газета“ за време на масакрот (ВИДЕО)

Само неколку часа откако преживеаја смртоносни пукотници во својата редакција, новинарите на Капитал Газета дадоа изјави за Си-Ен-Ен и му упатија порака на Трамп.

Фил Дејвис и Селена Сан Фелис дадоа телефонско интервју за трагедијата која се случи претходната ноќ, а во која на брутален начин убиени се пет нивни колеги, кога вооружен маж влета во редакцијата на тој весник и почна да пука.

Дејвис кој и самиот претходно известувал за масовните пукања кои се се почеста појава во САД, го раскажа ужасното искуство на Си-Ен-Ен.

-Ќе ви кажам, кога тоа почна да се случува, значи, само одите во паничен мод, објаснува Дејвис и додаде што во тој момент помислил: „Дали сите ќе умреме? Зарем нема да си отиде се додека сите не бидеме мртви?“

Кога водителот ја прашал Сан Фелис како се држи, одговорила кратко и јасно: „Гледав како некој умре, така што не сум баш супер сјајно“.

Дефинитивно би можела да бидам полошо, но тешко ми е во моментот да гледам повеќе од 30 минути напред. Триесет минути е долго време и одговорот е дека не сум добро, во ред? Но овде сум и разговарам со вас, и знам оти многу луѓе слушаат, продолжува Сан Фелис.

-Слушнав дека претседателот Трамп испратил молитви. Не се обидувам ова да го политизирам, во ред? Но ни треба повеќе од молитви. Ги ценам молитвите. Се молев цело време под масата. Ги сакам вашите молитви, но сакам и повеќе од тоа, изјави оваа новинарка осврнувајќи се на објавата на Трамп на Твитер во која изрази сочувство со вообичаената политичка фраза за „мислите и молитвите“.

Ова колку време ќе биде приказна? Помалку од една седмица? Ќе треба многу повеќе од неколку дена медиумско истражување и некои мисли и молитви зашто нашите цели животи се уништени. И затоа ви благодарам на вашите молитви, но ми се е*е за нив ако нема ништо друго, заклучи Сан Фелис.