Свет 24. јули 2018. / 17:17

„Новичокот“ со кој беа затруени двајцата Британци се наоѓал во шишенце за парфем

„Новичокот“ со кој беа затруени двајцата Британци се наоѓал во шишенце за парфем

Британецот Чарли Роули, кој мина три недели в болница откако беше затруен со нервниот агенс „Новичок“, изјави дека отровот најверојатно се наоѓал во шишенце за парфем, што го пронашол во градскиот парк во англискиот град Солсбери и и го подарил на неговата пријателка Доун Старџис.

– Се сеќавам дека пронајдов шишенце со парфем, кое го зедов и и го подарив на Доун, изјави Роули во интервју за магазинот „Сан“.

Роули (45) и Старџис (44) се затруја со „Новичок“ кон крајот на минатиот месец, по што беа пренесени в болница. Роули го преживеа труењето, а Старџис почина на 8 јули како последица на затруеност со нервниот агенс.

Британските истражни органи се обидуваат да утврдат дали агенсот со кои беа затруени Роули и Старџис е истиот оној, со кој во Солсбери во март годинава беа затруени рускиот двоен агент Сергел Скрипал и неговата ќерка Јулија.