Свет 26. јануари 2021. / 09:47

Нови немири во Холандија, уапсени 70 лица

Нови немири во Холандија, уапсени 70 лица

Холандската полиција уапси најмалку 70 лица откако избувнаа нови немири трета вечер по ред за време на протестите поради одлуката на Владата да воведе полициски час како дел од Ковид-мерките.

Шефот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени до 22 часот, во Ротердам се користени водени топови, додека во Харлем е употребен солзавец за да ја растера толпата.

Полицијата соопшти дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на мерката за забрана на движење меѓу 21 часот и 4:30 часот.