Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 761 нови смртни случаи од Ковид -19, со што бројот на жртви од почетокот на епидемијата достигна 18.681.
На болничко лекување се наоѓаат 31.190 лица, од кои 6.027 се на интензивна нега.
Според Жером Саломон, генерален директор за здравство, и покрај намалувањето на хоспитализираните пациенти и тие примени на интензивна нега, во Франција се уште циркулацијата на вирусот е на високо ниво.