Во последните 24 часа во Франција од корона вирусот починале 395 луѓе со што вкупната бројка на жртви на епидемијата се искачи на 19.718 лица.
Според францускиот премиер Едуар Филип, иако ситуацијата се подобрува, земјата се уште не е излезена од кризата. Филип нагласува дека мерките на ограничување функционираат и довеле до намалување на приливот на болни во болниците.
Ние живееме здравствена криза со голем интензитет. Ова не е прва епидемија со која се соочува Франција, но оваа епидемија е со таква амплитуда која досега била непозната во современата историја – изјави францускиот премиер.
Според Филип, оваа здравствена криза ќе доведе до економска криза што веќе почнува и ќе биде брутална.
Тој притоа соопшти дека девет милиони лица во Франција се наоѓаат во режим на делумна невработеност.