Владата на Италија нема намера да ја напушти еврозоната и планира да го намали нивото на задолжување, изјави новиот италијански министер за економија Џовани Трија.
Планот е истоворемено да настојуваме економскиот раст да се зголеми преку инвестиции и структурни реформи.
Ројтерс пренесува дека Трија истакнал дека негова цел е да се достигнат постоечките прогнози во поглед за долгот за 2018 и 2019 година.
-Наша цел е економскиот раст и вработувањето. Но, не планираме да го оживуваме растот по пат на дефицитарно трошење. Ова ќе биде во потполност кохерентно со целите за продолжување на патот за намалување на односот долг-БДП, рекол Трија.
Тој најави дека новите еконмски прогнози и цели на владата ќе бидат претставени во септември.