Свет 12. јули 2018. / 12:00

Нова опасност за Русија: Столтенберг инсистира Грузија да влезе во НАТО

Нова опасност за Русија: Столтенберг инсистира Грузија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг инсистирал денеска, Грузија еден ден да стане членка на Алијансата.

„Грузија ќе стане членка на НАТО“, истакнал Стелтенберг, пренесува агенцијата АП.

Генералниот секретар на НАТО рекол дека сојузот, во кој има 29 членки, го поддржува територијалниот интегритет на Грузија, вклучувајќи го нејзиниот суверенитет над отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија.

Русија и Грузија водеа кратка војна во 2008 година која доведе до прогласување на независност на тие два региони.

Инаку Грузија пружа значаен допринос во НАТО операциите, а додека конфликтите во спорните региони не се решат, Алијансата не сака да ја повика за членство.