Рускиот производител на никел „Норилск никел“ соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле околу 45 тони гориво.
Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард.
„Норилск никел“ наведе дека е затворен цевководот и се собира излеаното гориво, како и дека нема опасност по здравјето на луѓето.
Компанијата „Норилск никел“ беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот. Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките.