Руските пратеници изгласаа закон со кој се предвидува казна затвор до една година за медиуми и физички лица кои не сакаат да повлечат или негираат информации за кои судот ќе оцени дека се лажни.
Врз основа на новата верзија на член 315 од Кривичниот законик, сторителите кои одбиваат да повлечат или негираат лажни информации, кои како такви ќе ги оцени судот, ќе се казнат со глоба (630 евра) и со една година затвор. Текстот што е објавен на интернет-страницата pravo.ru се однесува на физички и правни лица, односно на корисници на социјални мрежи.
За нацрт-законот, коj пратениците во Думата, Долниот дом на рускиот парламент, го прифатија во второ читање, а за кој претстои и трето, ќе гласаат и сенатори, што во суштина е само формалност по што легислативата оди на потпис каj претседателот Влдимир Путин.
Како што наведува невладината организација „Агора“, која ја чинат правници и експерти за човекови права, во 2017 година во Русија 43 лица биле осудени поради објави на интернет.