Свет 06. јули 2018. / 10:58

Нов ужас во Тајланд: Брод со туристи се преврте, 49 лица се исчезнати (ВИДЕО)

Нов ужас во Тајланд: Брод со туристи се преврте, 49 лица се исчезнати (ВИДЕО)

Брод кој пренесувал Кинески туристи, вчера се превртел поради „немирното“ море на југот на Тајланд, 48 патници се спасени а 49 се водат за исчезнати, рекол локалниот гувернер.

Силни ветрови и понатаму беснеат додека трае потрагата по исчезнатите, недалеку од популарниот остров Пукет во Андаманско море.

„Сите служби соработуваат со спасувачките екипи и се во потрага по исчезнатите“ рекол гувернерот.

И денес е издадено предупредување за невреме и лошио временски услови.

Гувернерот ја разгледува можноста да забрани пловење додека траат силните ветрови.