Додека трае пребројувањето на последните неколку проценти од гласовите во САД, бројот на гласови дадени за демократскиот кандидат Џо Бајден штотуку го надмина бројот од 80 милиони гласови.
Одредени политички аналитичари и медиуми кои ги следат изборите, пред малку пренесоа информација дека бројот на гласови дадени за Џо Бајден и Камала Харис на овие избори надмина 80 милиони гласови што претставува околу 51 отсто од вкупниот број, додека Трамп моментално има освоено 73.8 милиони гласови или 47.1 отсто.
Бројни поддржувачи на Доналд Трамп и републиканската партија пак, тврдат дека оваа бројка е невозможна за достигнување и дека претставува уште еден аргумент за тоа како зад овие избори стои добро испланирана изборна измама на национално ниво.
Дел од нив а и од пошироката американска јавност сметаат дека овие избори се украдени, а дополнителен аргумент за тоа може да се најде во споредбата на гласовите кои ги освои Обама во 2008 година, како прв афро-американски кандидат за претседател и апсолутен фаворит.
За споредба, Обама на изборите во 2008-та, победи со 69,498,516 гласови и 10 милиони разлика пред републиканскиот кандидат Џон Меккејн, додека својот реизбор го осигура со нешто повеќе од 65 милиони гласови во 2012-та кога се натпреваруваше против Мит Ромни.
Доналд Трамп најави дека неговиот адвокатски тим е добро припремен за да ги оспори овие резултати, смета дека има доволно докази за да го докаже фалсификатот, но тоа мора да го стори пред Врховниот суд на САД и пред 20-ти јануари за кога е закажана инаугурацијата на новиот претседател.