Свет 14. мај 2018. / 11:39

Нов бомбашки напад во Индонезија: Семејство се разнесе пред полициска станица (ВИДЕО)

Нов бомбашки напад во Индонезија: Семејство се разнесе пред полициска станица (ВИДЕО)

Бомбашки напад е изведен врз полициска станица во градот Сурабаја, Индонезија, утрово.

Во новиот бомбашки напад се повредени четири полицајци и шест цивили.

„Јасно е дека ова е самоубиствен бомбашки напад“, изјави портпаролот на полицијата од Источна Јава, Франс Барунг Мангера.

Најновиот бомбашки напад врз полициска станица во Индонезија е извршен од петчлено семејство, вклучително и осумгодишно дете, објавија агенциите. Тие се довезле до два мотоцикли и се разнеле на контролен пункт пред полициската станица во Сурабаја, вториот најголем град во Индонезија, на индонезискиот остров Јава, изјави шефот на полицијата Тито Карнавијан. Според него, детето преживеало.

Најмалку 10 лица се повредени во новиот напад, вклучувајќи четворица полицајци.

Вчера во самоубиствени бомбашки напади врз три цркви во Сурабаја беа убиени најмалку 13 лица, а 40 беа ранети. Одговорноста за овие напади ја презеде Исламска држава.

Тито Карнавијан вчера изјави дека нападот врз трите цркви го извршиле членови на истото семејство – татко, мајка и четири деца на возраст од девет до 18 години.