Свет 17. октомври 2019. / 15:02

Носел деца да играат видеоигри по што сексуално ги искористувал – Тајланѓанец доби 374 години затвор

Носел деца да играат видеоигри по што сексуално ги искористувал – Тајланѓанец доби 374 години затвор

Тајланѓанецот Јутан Кодсап е прогласен за виновен за трговија со деца поради што е осуден на 374 години затвор.

Како што соопштија од полицијата, 31-годишниот Кодсап носел деца на возраст од седум до 12 години да играат видеоигри во неговата куќа, каде што потоа снимал сексуални односи со нив и ги продавал снимките преку апликација за праѓање брзи пораки.

Освен затворската казна од 374 години затвор, осудениот треба да плати и по 26.000 долари отштета за секоја од петте жртви.

Во Тајланд ова е втора пресуда за трговија со луѓе во која осудените добија повеќе од 300 години затвор.

Минатата година, Кривичниот суд осуди тројца маѓи на вкупно 309 години затвор поради трговија со деца заради проституција.