Свет 06. декември 2019. / 11:50

Норвешки пратеник го предложи НАТО за Нобеловата награда за мир

Норвешки пратеник го предложи НАТО за Нобеловата награда за мир

Норвешкиот пратеник Ерленд Виборг објави дека го предложил НАТО, најголемиот воен сојуз во историјата, за Нобелова награда за мир во 2020 година.

– Преку своето постоење, НАТО го гарантира нашиот мир 70 години. Благодарение на НАТО, ние ја избегнавме Студената војна да стане жешка војна – напиша Ерлен Виборг на Фејсбук.

Виборг е член на популистичка десничарска партија што е во владејачката коалиција во Норвешка.

Пред само неколку дена во Лондон, Алијансата ја прослави 70-годишнината од постоењето.