Свет 28. септември 2020. / 10:01

Њујорк Тајмс: Трамп не платил данок на доход за 10 од последните 15 години

Њујорк Тајмс: Трамп не платил данок на доход за 10 од последните 15 години

Американскиот претседател Доналд Трамп не плаќал данок во последните 10 од 15 години, почнувајќи од 2000 година, бидејќи тој објавил дека изгубил значително повеќе пари отколку што заработил, објави „Њујорк тајмс“.

„Во годината кога победи на претседателските избори и во првите години во Белата куќа, Трамп плати само 750 долари данок на доход“, наведува весникот.

Извештајот на Њујорк Тајмс ги опишува годините на затајување данок на Трамп.

И покрај заработката од најмалку 434,9 милиони долари во 2018 година, Трамп пријавил загуба од 47,4 милиони долари во неговата даночна пријава.

На брифингот во Белата куќа, Трамп ја негираше приказната и рече дека плаќа многу данок.

„Лажни информации, целосно измислени“, рече Трамп.