Престижниот Њу Јорк Тајмс предвидува 92% шанса за победа на Трамп во Флорида.
Флорида важи за една од најважните сојузни држави во САД, а минатото до сега ни кажува дека победникот во оваа држава, ќе биде победник и на изборите. Важноста на Флорида се дожи на 29-те поени кои победничкиот кандидат ги добива, дополнително зајакнувајќи го водството на едниот или другиот кандидат.
Новинарот Нејт Кон, на социјалната мрежа Твитер објави дека првичните резултати во Мајами се многу полоши за Бајден отколку што тој очекуваше.
Преостануваат уште речиси 30% од гласовите за пребројување во Флорида.