Свет 26. ноември 2019. / 18:48

Невреме во Конго однесе 32 човечки животи

Невреме во Конго однесе 32 човечки животи

Најмалку 32 лица загинаа во поплавите и лизгање на земјиштето кои после неколкудневните обилни врнежи го погодија главниот град на Конго, Киншаса и околината, соопштија официјални лица на оваа земја.

Во општината Лемба за време на ноќта загинале најмалку 15 лица, а причинета е и значајна материјална штета.

Локалците стравуваат дека бројот на жртви би можел да порасне.

Заради ерозија отсечен е пат кој води кон Универзитетот во Киншаса, пренесува Асошиејтед прес.

Во другиот дел од градот, загинале 17 лица меѓу кои и шесточлено семејство кое загина во лизгање на земјиштето.