Свет 29. ноември 2019. / 12:18

Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво од обединувањето

Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво од обединувањето

Германската Федерална агенција за вработување (БА) објави дека невработеноста во Германија е на најниско ниво од обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија во 1990 година. Бројките покажуваат дека во ноември во земјата имало 2,18 милиони невработени луѓе, а стапката на невработеност била 4,8 проценти.

Во ноември, имало 24.000 помалку невработени во однос на претходниот месец и 6.000 помалку отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците.

„Сегашниот економски пад е се уште забележителен на пазарот на трудот. Но, во целина, економијата е робусна – изјави шефот на Агенцијата, Детлеф Шеле.

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за работна сила останува голема. Сепак, тоа е за 71.000 работни помала побарувачка отколку во истото време минатата година.