На интернет се појави снимка како пратеник на Врховната Рада на Украина гласа наместо другите народни пратеници.
На снимката се забележени два моменти кога пратениците гласале за своите колеги – во текот на гласањето за законот за прекугранична соработка и за дневниот ред за оваа недела.
Наместо колегиот од Народниот фронт гласал Вадим Подберезњак. Тој го притиснал зеленото копче за своите колеги Александар Горбунов, Георгија Логвински и Павел Пинзеник.
Друг народен пратеник од истата партија Андред Иванчук во текот на гласањето за дневен ред ги притиснал зеленото копче наместо колегите Виктор Јеленски, Светлана Војцеховска, Максим Пољаков и Павел Пинзеник.