Свет

Нетанјаху жестоко ја бранел својата сопруга која е обвинета за проневера

Нетанјаху жестоко ја бранел својата сопруга која е обвинета за проневера

Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху ја бранел својата сопруга Сара пред да започне судењето, поради обвинение дека проневерила јавни фондови.

Нетанјаху оценил дека Сара „херојски“ ги издржува нападите од медиумите кои го газеле нејзиниот имиџ.

Сара Нетанјаху ги обвинила вработените во премиерската резиденција дека ги лажат детективите.

„Веќе 20 години тие го газат нејзиниот имиџ во медиумите секој ден и секоја ноќ. Сара е неверојатна жена, прекрасна мајка, беше перфектна ќерка и медиумите целосно ја игнорираат нејзината јавна активност“, рекол премиерот удирајќи со тупаница по масата.

Против сопругата на премиерот во јуни беше покренато обвинение за проневера, бидејќи наводно потрошила околу 100.000 долари на јадења нарачани од елитни ресторани.