Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го посочи Иран како најголема сила на милитантскиот ислам, предупредувајќи ја Европа на можност од ирански напади на европско тло.
Обраќајќи се пред новинарите, Нетанјаху рече дека радикалниот ислам претставува закана за светот и дека Израел неодамна открил повеќе ирански заговори за изведување напади во Европа.
Нетанјаху денеска допатува во Варна во Бугарија за да присуствува на состанокот на четиристрана средба на врвот меѓу Бугарија, Грција, Романија и Србија.
Тој изјави дека сака да ја зајакне соработката со овие земји.