Полицијата повторно го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамките на истрагата за корупција.
Две полициски возила пристигнале во резиденцијата на Нетанјаху, додека демонстрантите на влезот држеле транспаренти со натпис „министер за криминал“.
Израелските медиуми јавуваат дека полицијата повторно ќе го испита Нетанјаху во врска со случајот за телекомуникацискиот гигант Безек.
Двајца негови блиски пријатели се уапсени поради сонмевање дека прпмовирале пропис вреден повеќе стотици милиони долари за телекомуникациската компанија Безек.
За возврат, новинската агенција на Безек, „Вала“, наводно обезбедила позитивно покривање на Нетанјаху, пренесе АП.
Нетанјаху негира било каква вмешаност, ги отфрла обвиненијата и ги нерекува „лов на вештерки“.