Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја критикуваше турската окупација на северниот дел од Кипар и односот на турската војска кон Курдите во Турција и северна Сирија.
Критиката доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека Евреите во Израел ги тепаат палестинските жени и деца.
–Ердоган, окупаторот на северен Кипар, чија армија ги масакририра жените и децата во курдските села во Турција и надвор од неа, не треба да им се обраќа на Израел, рече Нетанјаху.
Ердоган долго време го критикуваше Израел и ги споредува потезите на земјата кон Палестинците со нацистичкото убивање на Евреите во Холокаустот во Втората светска војна, пишуваат израелските медиуми.
Односите меѓу Израел и Турција, некогашни блиски сојузници, повторно се влошија во мај, откако Израелците одговорија на насилните палестински протести по должината на границата на појасот Газа, во кои загинаа десетици Палестинци.
Тогаш Ердоган рече дека Израел е терористичка држава што прави геноцид.
Подоцна Турција го отповика амбасадорот од Тел Авив и ги протера израелските претставници од Анкара и Истанбул, а потоа Нетанјаху изјави дека Ердоган не треба да држи предавања на Израел за воената етика.