Свет 03. декември 2018. / 11:55

Нетанјаху на итна средба во Брисел со Помпео

Нетанјаху на итна средба во Брисел со Помпео

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху итно патува за Брисел да се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео за да разговараат за случувањата во регионот.

На состанокот ќе присуствуваат шефот на Мосад, Јоси Коен, советникот за национална безбедност, Меир Бен Шабат и воениот скретар, полковникот Ави Блот.
Состанокот беше поместен за денеска бидејќи Помпео се враќа од Египет порано, за да присуствува на погребот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот.

Помпео во Европа се сретна со највиоските дипломати на секоја земја членка на НАТО.

Средбата меѓу Помпео и Нетанјаху, се одржува една недела откако израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон, изјави дека американските власти му најавиле на Израел дека го завршиле нивниот мировен план за Блискиот исток и дека имаат намера да го претстават на почетокот на смедната година.

Палестинците ги прекинаа врските со Белата куќа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември минатата година, соопшти дека го признава Ерусалим како главен град на Израел и во мај ја премести амбасадата од Тел Авив во тој град.