Свет 11. јуни 2018. / 11:57

Нетанјаху им даде понуда без преседан на Иранците – чиста вода

Нетанјаху им даде понуда без преседан на Иранците –  чиста вода

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и упати порака на иранската јавност преку социјалните мрежи, само два дена по протестите во Иран против израелската контрола над Ерусалим.

„Денеска ќе му дадам понуда без преседан на Иран. Се однесува на водата“, најави Нетанјахи откако си сипа вода од бокал во чаша и ја испи, што може да се види на двоминутната видео снимка објавена на Јутјуб.

Нетанјаху објасни дека иранската метеоролошка организација наведува дека речиси 96 отсто од Иранците имаат проблем со сушата и притоа ги истакна израелските достигнувања во водостопанството и им понуди помош.

„Израел стои зад народот на Иран и затоа сакам да спасам безброј ирански животи“, порача израелскиот лидер. Тој објасни дека „иранскиот народ е жртва на суров тирански режим кој им ја ускратува чистата вода“. Тој додаде дека ќе направат веб-сајт на фарси со детални планови како Иранците можат да ги преработат отпадните води, како земјоделците да ги спасат посевите и да ги прехранат своите семејства.