Свет

Нетанјаху и порача на Европа: Заземете поцврст став против Иран

Нетанјаху и порача на Европа: Заземете поцврст став против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака Европа да заземе поцврст став против Иран.

Нетанјаху повика на тоа откако еден ирански дипломат беше уапсен под обвинение дека планирал напад во Франција.

Иранскиот дипломат беше уапсен во Германија, заедно со уште три лица, под обвинение дека планирал да изврши бомбашки напад за време на состанокот на Иранскиот национален совет за отпор.

– Не е случајност што овој напад е спречен. Ги повикувам лидерите на Европа да престанат да финансираат терористички режими, кои финансираат тероризам против нас на ваше тло. Доста веќе со политиката на слабост кога е во прашање Иран, изјави Нетанјаху.

Тој истакна дека е факт тоа што нападот бил планиран додека иранскиот претседател Хасан Рохани беше во Европа, барајќи економски бенефиции од нуклеарниот договор од 2015 година, во знак на „бескрајно лицемерство на Иран”.

Техеран соопшти дека нема никаква врска со нападот и го нарече операција  „под лажно знаме”, спроведена од фигури на Националниот совет за отпор на Иран.