Свет 08. ноември 2020. / 10:27

Нетанјаху: Бајден е голем пријател на Израел

Нетанјаху: Бајден е голем пријател на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му ја честиташе победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, велејќи дека е среќен што соработката „само ќе ја зајакне врската меѓу двете земји“.

-Честитки за Џо Бајден и Камали Харис. Џо, имаме долго и топло пријателство скоро 40 години и знам дека си голем пријател на Израел. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас за зајакнување на специјалната врска што ја имаат Израел и САД, напиша Нетанјаху на Твитер денес.

Пред изборите, Нетанјаху ја поддржуваше политиката на претседателот Трамп за Блискиот исток.

Премиерот, исто така, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп „за големото пријателство што тој и го покажа на државата Израел и нему, лично.

-Да го пофалам за признавањето на Ерусалим и Голан, за исправањето пред Иран, за историските мировни договори и за донесувањето на алијансата меѓу Израел и САД до невидени височини. Ви благодарам, претседателе Трамп, рече Нетанјаху.