Свет 10. јули 2019. / 18:07

Несреќа во Индија: Авионска врата здробила работник

Несреќа во Индија: Авионска врата здробила работник

Техничар од индиската авио-компанија „Спајсџет“ почина во средата во Калкута откако случајно го заробила врата на патнички авион, објави Си-ен-ен.

Рохит Пандеј ги извршувал своите должности за одржување на воздухопловот на аеродромот „Нетаџи Субхаш Чандра Бозе“, кога одеднаш се затворила хидрауличната врата на авионот и го заробила.

Вработените во авиокомпанијата веднаш повикале лекари, но со сите можни напори не успеале самите да ја отворат вратата, па морале да повикаат механичар за да ја исече.

За жал, техничарот не преживеал толку многу притисок врз неговото тело и бил прогласен за мртов кратко време откако бил изваден од зад вратите.

Администрацијата за воздушен сообраќај, индиското регулаторно тело задолжено за воздухопловство, започна истрага за несреќата.

Компанијата „Спајсџет“ во соопштение изјави дека исклучително жали за овој немил инцидент.