Свет 29. август 2018. / 11:55

Несреќа во Анталија: Камион удрил во автобус – најмалку 12 туристи повредени

Несреќа во Анталија: Камион удрил во автобус – најмалку 12 туристи повредени

Најмалку 12 руски туристи, меѓу кои и четири деца, беа повредени во сообраќајна несреќа во турската провинција Анталија, објави новинската агенција Демирорен.

Во автобусот имало 25 руски државјани кои се возеле од Белек до аеродромот.

Камион удрил во автобус кој паднал во канал со вода. Повредените, вклучувајќи и четири деца меѓу 7 и 12 години, биле префрлени во болниците во Серик и Анталија.

Полицијата го привела возачот на камионот на испрашување.