Свет 31. март 2019. / 15:07

Непознато лице фрлило молотов коктел на избирачко место во Украина

Непознато лице фрлило молотов коктел на избирачко место во Украина

Непознато лице фрлило молотов коктел на избирачко место во покраината Чернигов, во северна Украина каде денеска се одржуваат претседателски избори .

Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека за среќа никој не е повреден во инцидентот.

Пожарот бил изгаснат и гласањето не било прекинато.