Свет 01. јануари 2020. / 15:15

„Нема преживеани животни“ по пожар во германска зоолошка градина

„Нема преживеани животни“ по пожар во германска зоолошка градина

Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година угинале голем број животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

Изгорел цел објект со мајмуни и сите животни кои биле во него се мртви, соопштија претстaвници на зоолошката.

Се уште не се знае причината за пожарот, а во тек е истрага за несреќата.