Најмалку четири лица се застрелани во новинската редакција на весникот „Капитал Газета“, во Анаполис, Мериленд.
Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговара на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.
„Д Балтимор Сан“, кој го поседува весникот од Анаполис, потврди дека во тек е активно пукање во редакцијата.
На местото на настанот има голем број полициски и возила за итна помош.