Свет 28. јануари 2020. / 11:45

Неколкумина руски службеници ставени на црна листа на ЕУ поради изборите на Крим

Неколкумина руски службеници ставени на црна листа на ЕУ поради изборите на Крим

Земјите на Европската Унија одлучиле да стават на црна листа неколкумина руски службеници кои ги спроведуваа изборите на Крим во септември 2019 година.

– Постигнат е договор да се воведат ограничувања за неколку руски службеници во врска со изборите во 2019 година на Крим и Севастопол – изјавил дипломатски извор за руската агенција „ТАСС“.

Конечната одлука ќе ја донесе Советот на ЕУ за општи работи.