Свет 10. јули 2019. / 11:37

Не се сите Заев: Борис Џонсон му спуштил слушалка на Трамп, мислел дека се руските комичари

Не се сите Заев: Борис Џонсон му спуштил слушалка на Трамп, мислел дека се руските комичари

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за шега. Џонсон еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.

Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.