Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска, го откажа долгопланираниот и долго очекуваниот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Трамп го откажа самитот со Ким поради „огромниот бес и отворениот непрејателски став во неодамнешното соопштение на Ким“, пренесе агенцијата Ројтерс.