Свет 09. јуни 2020. / 11:54

Наводен шпион на ЦИА ќе биде погубен во Иран поради смртта на Сулејмани

Наводен шпион на ЦИА ќе биде погубен во Иран поради смртта на Сулејмани

Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти денеска претставник на иранските судски органи.

Со напад со дрон САД на 3 јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот.

Махмуд Мусави-Мајд, еден од, наводно, шпионите на ЦИА и Мосад, беше осуден на смртна казна.

– Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голахосеин Есмаили.

По убиството на Сулејмани, Иран на 8 јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми.