Свет 12. март 2021. / 18:23

Навални преместен на непозната локација

Навални преместен на непозната локација

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е преместен од притворот во рускиот регион Владимир, каде беше приведен минатиот месец и е преместен на непозната локација, изјави денеска еден од неговите адвокати.

Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, беше префрлен од московскиот затвор минатиот месец на издржување на казна од околу две и пол години што Западот го опиша како политички мотивиран случај.

Првично беше задржан во затворот Колчугино во регионот Владимир, североисточно од Москва. Руски медиуими, повикувајќи се на извор за спроведување на законот, јавија дека Навални бил задржан таму за карантин пред да биде префрлен во колонијата ИК-2, исто така во регионот Владимир.

Вадим Кобзев, еден од адвокатите на Навални, рече дека го посетил својот клиент во четвртокот, но друг адвокат се обидел да го види денеска, но му било кажано дека Навални бил преместен на друго место.

„Затворот рече дека го нема и тоа е тоа“, изјави Кобзев за западни медиуми додавајќи дека Навални бил во добра здравствена состојба кога го посетил претходниот ден.

Цитирајќи ги законите за заштита на личните информации, портпарол на Федералната казнено-поправна служба соопшти дека не може да открие каде се наоѓа Навални.