Еден научник од НАСА предупредува дека нè очекува најстрашниот студ во модерната историја и дека Земјата ќе биде во ледена прегратка бидејќи Сонцето влегува во еден од своите минимуми, носејќи рекордно ниски температури.
Сончевите пеги недостасуваат во речиси сите претходни месеци од 2018 година, а ултравиолетовото зрачење нагло опадна. Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека набрзо ќе пристигнат големите студови со рекордно ниски температури.
“Трендот на ладење е очигледен”, вели Мартин Млинчак од истражувачкиот центар “Ленгли”. “Високо над Земјината површина, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Доколку сегашните трендови продолжат, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, односно најстудени во космичката ера”.
Think the #campfire in California is bad? Check out the particulate matter also coming out of British Columbia, Canada. If anyone has info on these fires please PM me. pic.twitter.com/Vnc1tKoUO3
— Grand Solar Minimum (@GrandSolarMin) November 14, 2018
Овие податоци ги открил инструментот “Сајбер” на сателитетот “Тајмд” на НАСА. Тој ги следи емисиите на јаглерод диоксид и азот оксид, две супстанци кои играат важна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.
Со мерењето на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, “Сајбер” може да ја утврди топлотната состојба на гасот на самиот врв од Земјината атмосфера, односно во слојот кој научниците го нарекуваат термосфера.
“Термосферата секогаш се лади во текот на сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кои 11-годишниот сончев циклус влијае на нашата планета”, објаснува Млинчак.
Кога 11-годишниот циклус се приближува кон крајот, термосферата е близу до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека “тоа би можело да се случи за неколку месеци”.