Свет 26. ноември 2018. / 10:03

НАТО со поддршка за Украина: Ја следиме ситуацијата

НАТО со поддршка за Украина: Ја следиме ситуацијата

НАТО преку социјалната мрежа „Твитер“ објави дека постојано го следи развојот на ситуацијата во Азовското Море и теснецот Керч и дека е во контакт со властите на Украина, чијшто територијален интегритет го поддржува.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску на нејзиниот „Твитер“ додаде дека алијансата повикува на воздржаност и деескалација на конфликтот.

НАТО го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и поморските права во нејзините територијални води. Ние ја повикуваме Русија да дозволи непречен пристап до украинските пристаништа во Азовското Море во согласност со меѓународното право”, напиша таа.