Вчеравечер генералниот секретар на Алијансата, нагласи дека НАТО и Европската унија се радуваат на идната соработка со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на врските со САД.
-Со нетрпение очекуваме да работиме со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на американско-европските врски во време кога се соочуваме со глобални предизвици на кои никој од нас не може да се справи самостојно, наведе генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот профил на Твитер по работната вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ден пред инаугурацијата на американскиот претседател.
Dinner with @eucopresident & @JosepBorrellF. We look forward to working with President-elect @JoeBiden to further strengthen ties between the #UnitedStates & #Europe, as we face global challenges none of us can tackle alone. pic.twitter.com/NKRBSrPXgn
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) January 19, 2021
Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел исто така присуствуваше на тричасовниот состанок, организиран на иницијатива на Шарл Мишел.
Столтенберг го покани Бајден да учествува на самитот на НАТО, за кој се уште не е одреден датум. Мишел му предложи и на американскиот претседател да организира посебна средба за него со сите лидери на ЕУ.
НАТО и европските институции се со седиште во Брисел, а идејата е тие два состанока да се организираат истовремено, изјави дипломатски извор.
Дваесет од 27 земји-членки на ЕУ се исто така членки на Алијансата.