Свет 02. октомври 2018. / 19:44

НАТО подготвува најголема воена вежба од завршувањето на Студената Војна

НАТО подготвува најголема воена вежба од завршувањето на Студената Војна

НАТО подготвува најголеми воени вежби од децении наназад, на кои во Норвешка кон крајот на овој месец ќе учествуваат 45 000 војници.

Како што најави Генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг, вежбите ќе се базираат на фиктивно , но реалистично сценарио и ќе симулира колективен одговор на НАТО на напад врз една од сојузничките земји. Тоа ќе биде најголемата воена вежба на Алијансата од крајот на Студената војна.

Освен војниците од 29 земји членки на НАТО и партнерските земји Шведска и Финска , во вежбата наречена ,,Тридент” ќе бидат вклучени 150 авиони , 60 бродови и 10 000 возила. Вежбата ќе почне на 25 октомври и ќе заврши на 7 ноември.

,,Вежбата е одбрамбена .” изјави Столтенберг кој рече дека се повикани и руски набљудувачи.