Свет 18. февруари 2021. / 23:10

НАТО ќе ја зајакне мисијата во Ирак од 500 на 4.000 војници

НАТО ќе ја зајакне мисијата во Ирак од 500 на 4.000 војници

Земјите од НАТО треба да го зголемат бројот на војници што го распоредуваат во мисијата за обука во Ирак од 500 на околу 4.000, соопшти генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Идејата е да се прошират активности за обука на ирачките безбедносни сили и исто така да се прошират надвор од Багдад, рече шефот на Алијансата, пренесува ДПА.

Целта е да се спречи заживувањето на терористичката група Исламска држава.

– Нашата мисија е на барање на ирачката влада, изјави Столтенберг пред новинарите по разговорите на министрите за одбрана. Тоа се спроведува со целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак, потенцираше тој.