Дури 35.000 војници ќе учествуваат во воената вежба на НАТО во Норвешка во октомври, најголема во земјата по Студената војна.
Скандинавската земја, која се граничи со Русија на Арктикот, ќе биде домаќин на војници од 30 држави за време на воената вежба „Моментот трозабец”, која е закажана во моментот кога тензиите меѓу Москва и Запад никогаш не бил посилни, а ќе учествуваат 120 авиони, 70 бродови и 10.000 возила, пишува британскиот „Дејли мејл“.
Операциите ќе се одржуваат во регионите на Северниот Атлантик и Балтичкото Море, вклучувајќи го и Исланд, како и во воздушниот простор на Финска и Шведска. Според медиумите, ќе учествуваат воздушни, поморски и копнени сили, специјални сили и амфибиски сили.
Портпаролот на норвешката армија, Френк Солссберг изјави дека вежбите ќе бидат трипати поголеми од претходно одржаните во Норвешка. Операциите ќе бидат толку големи што Норвежаните се предупредени дека ќе бидат вклучуени „директно или индиректно“ повеќе од 100 општини. Главните вежби ќе се одржат од 25 октомври до 7 ноември, но подготовките ќе почнат уште во август.
Вежбите на НАТО од типот „Тридент“ се одржуваат на секои три години, а последен пат се одржале во Медитеранот, на териториите на Италија, Шпанија и Португалија.