Свет

НАТО го осуди отварањето на кримскиот мост

НАТО го осуди отварањето на кримскиот мост

НАТО го осуди отварањето на мостот кој ги поврзува полуостровот Крим и Русија оценувајќи дека Москва уште еднаш покажала дека не го почитува меѓународното право.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера со камион ја предводеше колоната преку мостот.

“Мостот претставува ново руско кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а Русија продолжува да покажува презир кон меѓународното право”, се вели во соопштението.

Мостот долг 19 километри чинел 3,6 милијарди долари.