Свет 08. јануари 2020. / 14:26

НАТО чека реакција од САД по иранските ракетни напади врз американските воени бази

НАТО чека реакција од САД по иранските ракетни напади врз американските воени бази

Европските земји членки на НАТО чекаат реакција на САД за иранските ракетни напади врз воените бази со американски војници во Ирак, изјави дипломатски извор во Брисел за ТАСС.

Според него, „европските сојузници на НАТО чекаат одговор од Вашингтон. Потоа ќе следи реакција на Алијансата“.

Иран ноќеска со проектили гаѓаше две американски воени бази во Ирак, како знак на одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, генералот Касим Сулејмани.