Свет 07. ноември 2020. / 14:56

Настрадаа од Чернобил, а сега отворија нуклеарка на 50 километри од Вилнус

Настрадаа од Чернобил, а сега отворија нуклеарка на 50 километри од Вилнус

Една од најголемите нуклеарни катастрофи се случи во Чернобил пред 34 години.

Нуклеарната централа во чиј реактор се случи експлозијата се наоѓаше во близина на градот Припјат во Украина (тогаш СССР), и само 16 километри од границата со Белорусија. Токму поради толку малото растојание, последиците од катастрофата во голема мера го почувствува населението на соседна Белорусија.

Но, дали Белорусија ја научи лекција од грешките на луѓето од непосредна близина?

Пред само четири дена започна со работа првата нуклеарна централа во Белорусија, Астравец, изградена од Русија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска ја пушти во употреба, а се наоѓа на оддалеченост од 50 километри од главниот град на Литванија, Вилнус.

-Ова е историски момент. Земјата ќе стане нуклеарна сила. Нуклеарната електрана во Астравец е нов чекор во иднината, кон осигурување на енергетска безбедност на државата, посочи Лукашенко за нуклеарната електрана финансирана со руски кредит од 10 милијарди долари.

Соседните земји на Белорусија се загртижени поради безбедноста на нуклеарна електрана.

Белорускиот опозиционер Андреј Саников на Твитер напиша дека нуклеарната електрана е геополитичко оружје на Лукашенко и на Кремљ против Европската Унија и радиоактивна опасност за Белоруисија и за Европа.