Мадрид и Барселона нема да преминат во следната фаза од мерките за олабавување на изолацијата во Шпанија воведени поради епидемијата на корона вирусот, изјави шпанскиот координатор за итни ситуации Фернандо Симон.
Шпанската Влада излезот од изолацијата го спроведува во четири фази, со олеснување на ограничувањата условени од параметри, како што е стапката на зараза.
Втората фаза од ублажувањето овозможува отворање на барови, ресторани и места за богослужба, со задолжително ограничување на капацитетот.
Сепак, ниту мадридскиот регион, ниту Барселона не сметаат дека се доволно подготвени да ги олеснат рестриктивните мерки.
Во високо населените региони на Мадрид и Каталонија, каде што се наоѓа Барселона, има околу половина од потврдените случаи на зараза во земјата.