Свет 30. август 2018. / 15:29

НАСА се подготвува за нова мисија на Месечината

НАСА се подготвува за нова мисија на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА се подготвува за нова мисија на Месечината, во која ќе биде вклучена нова ракета за модул со посада. Новите мисии за освојување на земјиниот природен сателит ќе се оодвиваат во три фази.

НАСА го најави почетокот на подготовките за мисијата, во која астронаутите ќе ја посетат новата база во орбитата на Месечината. Според проценките, потребно е да се достигнат неколку цели пред човечка нога повторно да стапне на површината на Месечината.

Првиот чекор вклучува изградба и усовршување на летала со кои ќе се патува кон Месечината. НАСА сака да го доврши проектот на специјаната супер голема ракета на „спејс ланч системот“, потребна за транспорт на модулот за посадата.

Тоа летало ќе овозможи три мисии. Првата вклучува лансирање на леталото без посада за да ја обиколи Месечината и да се врати на Змејата, под назив “EM-1”.

Втората мисија “EM-2” ќе има човечка посада, додека третата би овозможила лет до вселенската станица „Гејтвеј“, сместена во орбитата на Месечината.

Таа станица ќе служи како одредиште за сите научни и комерцијални мисии на Месечината, благодарение на универзалниот систем за усидрување, како и низа технички решенија кои ќе ја олеснат анализата на преимероци од површината на Месечината, наведуваат научните портали.

НАСА предупредува дека пред праќањето на човечка посада мора да развијат технологија „која може, а не мора, да проработи од прва“. Токму затоа рокот од 10 години го сметаат за многу оптимистичен.

НАСА планира и градба на летало со кое посадата ќе може без потешкотии да се спушти и да се подигне од површината на Месечината. Оваа технологија има многу голема важност со оглед на тоа дека е клучна за преживување на посадата.

НАСА планира и кампања за слетување на Месечината кога ќе контактира со приватни компании со кои ќе изгради мали роботски ситеми за истражување на Месечината, по што ќе ги замени или унапреди со човечки.

Стручњаците тврдат дека мисиите во кои ќе има човечка посада, нема да тргнат пред 2026 година.