Човештвото, можеби, нема да може да ја брани Земјата од големиот астероид “Бени”, голем како што е Empire State Building, кој би можел да ја погоди планетата во 2.135 или 2.175 година.
Научниците веруваат дека дури и најнапредната технологија нема да може да уништи таква вселенска карпа.
Последиците би биле страшни, предупредуваат експертите, и постои страв дека астероидот целосно може да го уништи животот на Земјата.
Имајќи ја предвид можноста за користење на специјално дизајниран вселенски брод кој ќе ги уништи потенцијалните опасни космички објекти со нуклеарно оружје.
Испраќањето повеќе вселенски бродови до астероидот може полека да го забави или да ја смени насоката за да се избегне уништување на Земјата.
Доколку условите не се погодни за употреба на пресретнувачи, како последна опција остануваат само нуклеарното оружје, според научните портали.