Свет 01. септември 2018. / 21:07

Напаѓачот на железничката станица во Амстердам имал терористички мотиви

Напаѓачот на железничката станица во Амстердам имал терористички мотиви

Човекот кој во петокот со нож избоде две лица на главната железничка станица во Амстердам имал терористички мотиви, објавија локалните власти.Во нападот, сериозно беа повредени двајца американски државјани.

Полицијата пукала и го ранила напаѓачот, идентификуван како Џавед С., 19-годишен Авганистнец со дозвола за престој во Германија. Во моментов, тој се наоѓа во притвор.